Регион

Филипче: Ќе има доза за сите, важно е да се вакцинираме масовно

Филипче: Ќе има доза за сите, важно е да се вакцинираме масовно.

Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Направивме сè за да обезбедиме вакцини, системот е добро поставен – планот е да се имунизираат меѓу 7000 и 10 000 лица дневно, истакна ресорниот министер.

Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н. критична инфраструктура.

– Многу е важно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

„Вакцината не е витаминска и не е хранлива, не продира преку грлото и желудникот, затоа без трошка сомнеж вакцината треба да се прими според барањата на надлежните институции и без трошка сомнеж дека вакцинацијата не го нарушува постот во деновите на месец Рамазан. Доколку евентуално во моментот на вакцинирање се случи некое мало влошување кое може да биде нормално, тогаш во консултација со специјалисти по медицина можете да го прекршите постот и нема никаква казна за тоа, само потоа се пости ден за ден.“, вели Фетаху.

Препорачуваме:

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Ѓ. K.

Костадинов: Парите за украсување ќе бидат пренаменети за Дневниот центар за деца со попреченост

Ване Трајков

Изгаснат пожарот кај гевгелиското село Моин

Ване Трајков