Регион

Статистиките покажаа: Носењето појас ја намалува смртноста до 50 отсто

Секоја година во сообраќајни несреќи животот го губат голем број лица. Според стратистиките  само во 2020 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 125 лица, а со повреди се здобиле 5.500. Во првите два месеца од 2021 година, намален е бројот на жртви и повредени во сообраќајни несреќи. Тоа е значително помал број на настрадани и повредени во споредба со минатите години,  што укажува на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Имајќи го предвид бројот на жители во Македонија, бројот на загинати не би требало да биде поголем од 100 луѓе, според просекот на ЕУ, велат од РСБСП.

Од таму за „НОВАТВ“ додаваат дека употребата на заштитен појас го намалува ризикот од  околу 50 проценти од опасноста за фатални последици при сообраќајна несреќе. Додаваат дека поновите коли се поврзани со систем со воздушни перничиња кои доколку не ставите појас при удар нема да се активираат.

Носењето појас е задолжително и за возчот и за совозачот и за лицата кои се превезуваат на задните сдишта. Во возилата каде фабрички се ставени појаси  и на задната клупа задолжително е нивно користење. За неносење на заштитен појас казната е во висина од 40 евра за возачот, а 50 евра за совозачот.

Во ЕУ носењето на појас го практикуваат околу 90 проценти од возачите. Кај нас тој процент е околу 40 отсто. Што се однесува до сопатниците во ЕУ 70 проценти од оние кои се превезуваат на предното седиште користат појас. Кај нас ностењето појас на задните седишта речиси и да не се практикува, велат од РСБСП.

Поради ваквите статистики РСБСП и МВР почнаа интензивно да ја спроведуваат едукативно-превентивната кампања „Стави појас!” чија цел е подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.

Препорачуваме:

Струмичанец тешко повреден во сообраќајка- со тешки повреди пренесен во болница

Ване Трајков

Пораст на туристичката посетеност на Македонија, во Југоистокот најбројни бугарските и грчките туристи

Водици во Пиперево