Свет

Фејсбук казнет со 110 милиони евра

Познатата социјална мрежа Фејсбук, за давање лажни информации во врска со преземањето на мобилната апликација за размена на информации, WhatsApp доби казна од 110 милиони евра од страна на Европската комисија.
Случајот бил истражуван шест месеци,Европската комисија смета дека социјалната мрежа Фејсбук се послужила со неточни и лажни информации заради преземање на WhatsApp во 2014 година.
Најавувајќи преземање на WhatsApp, Фејсбук на ЕУ ѝ тврдел дека е неможно создавање автоматско порамнување меѓу корисничките конта на двете претпријатија. Но, во суштина, кај WhatsApp веќе тогаш постоела таква можност, убедени се бриселските служби.
Американски медиуми, меѓу кои „Фајненшл тајмс“ и „Вол стрит журнал“ известија за казната уште пред нејзиното објавување. Фејсбук засега не ја коментира казната.

Препорачуваме:

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Сузана Мицева

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада

Сузана Мицева

Италија повторно ескалира со Ковид-19

Сузана Мицева