Регион

УЈП објави јавен оглас за 3 волонтери во Струмица – денес последен ден за аплицирање

Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери – студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки и имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно познавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:


Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи:Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 01 Јули до 30 Септември 2019 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.

1) Потврда за статусот на студент и 
2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.

Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:

Управа за јавни приходи
Генерална дирекција Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“

Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на веб страницата на УЈП, заклучно со 18.06.2019 година.

По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши комисија формирана од директорот на Управата за јавни приходи врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.

Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Чатлески: И во пандемија колонијата има дух

Бесплатни обуки за негователи на стари и лица со попреченост

Ване Трајков

Градоначалникот на Ново Село Божинов се сврши

Ване Трајков