• Wed. May 22nd, 2024

Министерството за образование бара рецензенти за новите учебници

Министерство за образование и наука, Педагошка служба, објави оглас за рецензии на учебници по босански јазик за I одделение, информатика за VI одделение, граѓанско образование за VIII одделение,босански јазик за I одделение на деветгодишно основно образование и граганско образование за IX одделение во деветгодишно основно образование

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
-да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменетучебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
-да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 1 1 од Законот за учебници за основно и средно образование.
– преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од www. mon. gov. mk или да се подигне во Министерството за образование и наукаПедагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наукаПедагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 20. 6. 2019 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *