Регион

Ученици од Никола Вапцаров  од Струмица, на натпревар во Радовиш прогласени за најдобра математичка екипа од регионот

Ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица  освоија 10 медали на регионалниот натпревар по математика што се одржа во ООУ,, Никола Карев“ во Радовиш и беа прогласени за најдобра математичка екипа од регионот. Како што соопштија менторите Соња Спасова, Билјана Гунова, Вангелица Манева, Милена Исирова, Марија Панова од IV одделение и Миропа Павлова – Бачева ниввните ученици освоиле пет први места, едно второ и четири трети места и четири благодарници.

„ Ако математиката е вратата и клучот на сите науки, тогаш со сигурност можеме да потврдиме дека основците од ООУ„Никола Вапцаров“ со своите ментори широко ја отворија вратата на математиката.  Во време кога се повеќе опаѓа интересот за најтешките натпревари, ние како просветни работиници  се трудиме на нашите ученици да им всадиме љубов и интерес за математиката како предмет со желба да создаваме трајни вредности“, ни одговорија менторите на учениците.

Препорачуваме:

Видео – Во општина Василево се врши замена на уличното осветлување со еколошки светилки

Едукацијата на младите-клучна за современо и еколошко земјоделство

Млад скопјанец украл автомобил и ограбил куќа во Струмица

Ѓ. K.