• Sat. May 18th, 2024

Маската  „Струмичка корида“ најдобра на онлајн гласањето на Струмичкиот карневал

Карневалската маска ,,Струмичка корида“ на ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица доби диплома за најмногу освоено гласови од публиката која можеше да гласа онлјан за време на одржувањето на главната карневалска вечер во Струмица.

Учесниците во ова маска свој начин ја преставија шпанската корида а силно ја пренесоа и пораката за љубов и хуман третман кон животните.  Ова маска броеше 45 члена а доби и втора награда во својата категорија од 30 до 50 члена од страна на жирито кое ги оценуваше.