• Sun. May 19th, 2024

Утре се отвора времената депонија кај Гевгелија

Од утре во употреба времената депонија кај Конско, Гевгелија. Според општинските власти предавањето во употреба на оваа депонија ќе го реши еден од најгорливите проблеми на градот. Потребата од нова депонија се појави во периодот на бегалската криза, кога мораше да се дислоцира несоодветната дива депонија кај Суза река. Оваа нова времена депонија се изгради со поддршка на УНДП за то е обезбеден и грант од Јапонската влада.

Санитарната депонија во Гевгелија е прва ваква депонија во земјата, која е изградена според европските стандарди. Вредноста на проектот е 960.645 долари, а изведувач на работите беш фирмата „Жикол“, која на меѓународниот тендер даде најповолна понуда. Новата депонија во Гевгелија, која ќе овозможи затворање на постојната несоодветна депонија кај Сува река,ќе биде од времен карактер. Односно, ќе биде дел од системот на Регионалната депонија, која треба да биде изградена во рамките на Југоисточниот плански регион, каде што гравитира и општина Гевгелија.

Утре на предавањето на депонијата во употреба, покрај другите гости, се очекува да присуствуваат постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтотн и амбасадорката на Јапонија во нашата земја Кеико Ханеда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *