• Sat. May 18th, 2024

Што предвидува Акцискиот план за социјална заштита 2019-2020 што го спрема Центарот на заедницата на Струмица

ByВане Трајков

Oct 16, 2018

Формирање на координтивно тело за следење на степенот на имплементацијата на програмските активности  за социјална заштита во општина Струмица . На ова инсистира Центарот на заедницата кој го изготвува Акцискиот план за социјална заштита за периодот 2019 – 2020 што беше презентиран денеска на јавна расправа. Според Горан Сачевски нема соодветни параметри како е реализиран претходниот план за периодот 2015 -2017 во функција на заштита и подобри услови на социјално ранливите категории граѓани. Освен координативно тело во престојниот период Центарот предлага сет мерки кои се остварливи и за што општината треба да се залага за нивна реализација

,, Заштита на жртвите на семејно насилство, пристапни рампи, звучни семафори, веб платформа за социјално ранливите категории , отварање дополнителен простор во градинките за сместување деца и создавање координативно тело што ќе ја следи имплементацијата на програмите за социјална заштита,, објасни Горан Сачевски кој подвлече дека планот е работен во посредство на граѓанските организации

На јавната расправа за целосно дефинириање на планот присуствува граѓански организации, вработени во институции општината и членови на Советот за да дадат свои сугестии на нацрт планот за социјална заштита што општината треба да го реализира во престојните две години. Акцискиот план треба да отвори нови можности за социјално ранливите категории граѓани во општината и е дел од проектот за изработка на Стратегијата што финансиски е подржан од општина Струмица кој има за цел да даде придонес кон непосредно учество на граѓаните во креирањето на локалните политики

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *