• Sat. May 18th, 2024

Намалено тутунопроизводството во струмичко

Се намалува тутунопроизводството. Од здруженијата велат дека годинава родот ќе е полесен за околу 3 илади тони. Причините, според туунарите се различни. Сепак квалитетот , е на високо ниво.

Од Здруженијата советуваат, тутунарите полека да го подготвуваат тутунот пред почетокот на откупната сезона. Вратите на откупувачите треба да се отворат кон средината на ноември.

Последната реколта беше историски највисока, се постигна цена од 217 денари за килограм откупен тутун а земјоделците навреме ги добија и парите од предадениот тутун од ланската реколта. Минатата година, од регистрираните 9 откупни компании, откуп вршеа 8 и беа откупени 23.559.122 килограми тутун. Заради квалитетот на македонските тутун и понатаму е актуелен и баран и во соседните земји. Покрај веќе присутните осум компании кои вршат откуп на тутун, годинава се вклучи уште една, грчка компанија.

Економското и социјалното значење на производството на тутун е поддржано со бројката од 40 илјади семејства за кои е главен извор на егзистенција.

„Република Македонија се наоѓа на 30-то место по количеството на произведен тутун во светот, како и на 15-то место по вредноста на остварениот извоз на тутун во светски рамки. Најголеми увозници на тутун од Македонија се САД и Германија, односно тоа се мултинационални компании кои имаат фабрики во наведените земји“, вели проф. др. Златко Арсов од Катедрата за специјално полјоделство и тутун на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *