Забава

Утре во Гевгелија се отвора изложбата на цртежи на најдобрите јапонски мајстори на дрворези

Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“ ќе биде претставена и во Гевгелија, во рамки на проектот MuseumLink, во кој се вмрежени 27 институции од културата ширум земјата. Оваа интересна изложба ќе биде отворена утре, 15 април во 19 часот, во ликовната галерија „Амам“. На изожбата ќе бидат презентирани над 26 принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век.
На изложбата се претставени најзначајните мајстори на ukiyoe, како што е првиот сликар Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17ти век, бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо. По големиот успех на неговите цртежи тој е првиот илустратор кој се потпишува на своите дела.
Преку проектот започнат во 2016 година од страна на Музеј на град Скопје, авторот на проектот и куратор Јасминка Намичева, започна да воспоставува пракса на споделување на изложби со музеите и домовите на култура од градовите низ Македонија, со цел публиката и заљубениците во уметноста во помалите градски центри да добијат можност за директен пристап до различните изложбени концепти кои се веќе презентирани во главниот град и на тој начин да ги проследуваат изложбите токму во своето место на живеење. Музејот на град Скопје и Национална установа Музеј -Гевгелија, со изложбата ја продлабочуваат соработката со Здужението за македонско јапонско пријателство како и со Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.


Препорачуваме:

Поетот Ѓорги Калајџиев дел од меѓународна виртуелна поетска манифестација

Сузана Мицева

Легендарната „фолксваген буба“ дојде до крајот на својот пат

Писателот за деца Киро Донев во Кочани по повод Меѓународниот ден на литературата за деца

Сузана Мицева