Регион

Уредени предучилишната и училишната установа во Миравци

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ги посети детската градинка и основното училиште ООУ„Климент Охридски“ во село Миравци, каде што престојуваат и се образуваат деца од предучилишна возраст и ученици од деветолетката. Во двата објекта реализирани се неколку зафати за подобрување на условите за престој и настава. Детската градинка е оградена со 75 метри ограда, која е соодветно украсена за децата со апликации од нивните омилени ликови од цртаните филмови.
-Покрај оградувањето на целиот објект и двор, извршено е и целосно осветлување на дворот на градинката. Наскоро дворот хортикултурно ќе се уреди и ќе се постави урбана опрема за детска игра. Вакви и слични зафати ќе бидат реализирани и во другите детски градинки, каде што има потреба за тоа, информираше директорката на ЈОУДГ„Детска радост“ Елизабета Стефановска.
Градоначалникот Поцков, исто така, го посети и ООУ“Климент Охридски“, каде што директорката Марија Костадинова го информираше дека во училиштето и училишниот двор неодамна беше поставена ограда. Исто така, целиот објект и дворот се осветлени, а претстои и хортикултурно уредување на дворот. Секој ученик во ова училиште доби и свое шкафче со што значително ќе им се олесни престојот и и следењето на наставата на учениците.
-Настојуваме континуирано да ги подобруваме условите за престој, воспитување и образование на децата од предучилишна и училишна возраст. Најдобра потврда за тоа се реализираните зафати во детската градинка, како и во основното училиште во Миравци. Минатата година занималните во сите шест детски градинки во општина Гевгелија беа опремени со нови масички, столчиња и креветчиња. Во централната детска градинка беше изградено и игралиште, обновени беа кујните, а беа набавени и ЛЦД проектори, компјутери и друга опрема. Сите објекти беа климатизирани, поставени беа и камери за поголема безбедност, а со започнатото осветлување на училишните дворови продолжуваме и годинава. Училишниот распуст во сите основни училишта во Гевгелија ќе биде искористен за подобрување на условите за настава, изјави градоначалникот Сашо Поцков при посетата на Миравци.

Препорачуваме:

Се основаше Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Стојне Митева

Препораките против аерозагадувањето за Струмица  сеуште важат, соопштија од МЖСПП

Ване Трајков

Патник нападнал и ограбил таксист во Струмица

Ѓ. K.