Спорт

Турнирот во мал фудбал во Василево влегува во завршница, кој со кој за полуфинале !

Новогодишно –божиќниот турнир во мал фудбал што се одржува во Василево , влегува во самата завршница. Познати се екипите што ќе се борат за првите три места како во сениорска така и во младинска конкуренција.

Утре на програмата се четвртфиналните дуели по што ќе се познати  четирите најдобри екипи и полуфиналните двојки за наградниот фонд од 200 илјади денари 

Во 19 часот во салата во Василево, екипата Аграр компани ќе игра со Алу Пласт од Василево . Победникот од ова двојка во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот  Гранит Стил – Дуо Травел, натпревар кој на програмата е во 21 часот.

За полуфиналето пласман ќе бараат и екипите на  МН Компани и Трилинг кој се среќаваат во 20 часот а противник ќе им биде подобриот од дуелот  Златно зрно – МСА Ежо фруит кој е закажан во 22 часот

Според организаторите станува збор за доста интересни четвртфинални двојки  со екипи кои имаат доста квалитетни играчи. Интересен е фактот што утре ќе се знае дали најдобрите стрелци  ќе одат понатаму или не. Станува збор за играчите на Гранит стил – Бојан Најденов кој е најефикасен досега но  и Дарко Лазаров кој е во врвот по постигнати голови.

Препорачуваме:

Фото – Да се надминат родовите бариери уште од мали нозе, фудбал може да играат и момчињата и девојчињата

Македонија има светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски се закити со златниот медал на СП во Португалија

Ѓ. K.

Макс Струмица славеше и во Охрид, рибарите немоќни пред рисовите

Ване Трајков