Регион

Три лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот кон Петралинци

 Во синоќешната сообраќајка на патот меѓу населените места Дабиле и Петралници во која излета тешко товарно возило марка фиат, три лица од беровско се здобиле со повреди, информираше МВР. Засега не се знаат причините како излетало возилото од патниот правец

,,Синоќа 22.10 часот на регионален пат Струмица – Берово, на делницата с.Дабиле – с.Петралинци, Ј.М.(30) од с.Двориште, беровско, управувајќи товарно возило „фиат дукато,“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Ј.М. и сопатникот М.М.(47) од с.Двориште, констатирани во Медицински центар Струмица, додека сопатникот С.Б.(43) од с.Двориште бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош,, соопшти СВР Струмица која извршила увид на местото на настанот

Препорачуваме:

Слаб одзив на референдумот во Босилово – до 13 часот излезност 7,78 %

ТК Прилеп ќе го откупи тутунот

Ване Трајков

Сред чаршија во Струга , ограбена 40 годишна жена од Ново Село