• Sun. May 19th, 2024

Сончево и топло со температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 37 степени. Ќе има мала, до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *