Регион

Тримери на Фестивал во Бурса Турција и осум дена ќе ги преставува македонските ора !

Aнсамблот ,,Тримери,, ќе ја преставува Македонија на меѓународниот фестивал на народни ора и танци ,,Бурса Накем Балкан фестивал ,, што по 12 ти пат се одржува во Бурса Турција. Станува збор за реномиран фестивал каде речиси сите балкански држави го презентираат своето културно богатство преку традиционалните ора и танци.

Според информациите ансамблот ,,Тримери,,  кој отпатува со состав од 40 члена, на фестивалот во Бурса ќе се престави со повеќе кореографии а македонскиот изворен мелос преку народните носии , ора и танци испреплетени со македонските обичаи и традиции ќе го презентираат до 15 септември

Учеството на струмичкиот ансамбл Тримери  на фестивалот во Бурса е по препорака на  Алил Салим Галич од здружението Есе од Скопје

Препорачуваме:

Видео – Таше Пефќев со прва самостојна изложба и го наполни Центарот за култура

Едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиље

Ѓ. K.

Во четврток без струја објектите во кругот на поранешната касарна

Ѓ. K.