• Fri. May 10th, 2024

Видео – Таше Пефќев со прва самостојна изложба и го наполни Центарот за култура

Викендов во НУЦК Антон Панов во Струмица, средношколецот Таше Пефкев ја реализираше својата прва самостојна изложба. Се престави со 18 дела масло на платно низ кои се гледа потенцијалот на еден млад уметник кој сака цврсто и сериозни да чекори во ликовната уметност. Неговиот ментор професорката Љупка Галазка Василев вели дека Пефќев има потенцијал и пред него стои одлична иднина доколку го продолжи и надогради своето образование на некој факултет за ликовна уметност. Младиот Таше кој наполни 18 години најави дека ова нема да биде единствената негова изложба и ќе вложи се, да се пронајде во некоја некоја ликовна дисциплина и интензивно да твори во интерес на лубителите на уметноста. Инаку младиот Пефќев со својот млад темперамент и скромно творештво го исполни фоаето односно изложбениот простор на НЦУК Антон Панов… Повеќе за изложбата првенче на Таше, во емисијата Дневна соба и во Неделно попладне на програмата на Канал ВИС…..

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *