Регион

Тренчевска: Социјалните права и услуги ги доближуваме до граѓаните, отворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.

Министерката Тренчевска во оваа прилика се осврна на заложбите на Владата за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани.

„Отворањето на подрачната канцеларијата за социјални работи во Општина Богданци која ќе функционира при Центарот за социјални работи,  Гевгелија е потврда дека за нас сите граѓани се еднакви.  Од денеска, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење,“ рече Тренчевска.

Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селимлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.

Министерката Тренчевска изрази благодарност до Општина Богданци и градоначалникот Шапов за отстапувањето на просторот за канцеларија за социјални работи. Ова е потврда за слухот на локалната заедница за потребите на своите жители. 

Министерката Тренчевска истакна дека, грижата за сите граѓани беше поставена од почеток високо на агендата на оваа Влада и така продолжува.

„Социјалната реформа беше креирана во тој дух, да обезбеди достоинствен живот за оние граѓани кои поради разни причини не се можност да обезбедат самостојно доволно средства за живот и оние на кои поддршката им е неопходна, порача Тренчевска.

Препорачуваме:

Претставата на МНТ „Кец на десетка“ на Митко Бојаџиски ќе биде изведена во Струмица

Ѓ. K.

Јапонската амбасада ќе донира 4Д ултразвучен систем на струмичката болница

Ване Трајков

Репортажа од Ново Село: Потенцијалите на општината се туризмот и земјоделието

Сузана Мицева