• Wed. May 15th, 2024

Пинг-понг судска игра помеѓу Управниот и Вишиот управен суд за рудникот Иловица

Продолжува пинг-понг судската игра помеѓу Управниот и Вишиот управен суд за случајот со рудникот Иловица. Последната одлука на Управниот суд ја уважува жалбата на концесионерот против Владата за укинување на една од концесиите. За неа претходно Вишиот управен суд реши да се врати на повторно одлучување. Активистите се гневни и велат дека  случајот е провиден и мотивиран од политичко-економски интереси.

Ристоманов ги повикува политичките субјекти во државата да се разбудат, бидејќи рудникот е тема на која жителите нема да замолчат ниту ќе се помират, па ги потсети дека доаѓаат избори.

Битката против отворање на рудник во струмичко трае цели пет години. Почна од Гевгелија и Валандово, каде се запреа процесите за геолошки истражувања на Коѓув, но и се затвори рудникот Казандол во Валандово. Во струмичко граѓанските активисти водат маратонски отпор да се дозволи отворање на рудник за злато и бакар во непосредна близина на анселените места Иловица и Штука.