Свет

Трамп: Ако не ми ја дадете номинацијата, ќе има нереди

Фаворитот во трката за републиканската претседателска номинација Доналд Трамп рече денеска дека ќе има нереди ако водството на Републиканската партија се обиде да го лиши од номинацијата.

Трамп рече дека потребниот број на делегати за партиската кандидатура ќе го освои пред републиканската конвенција на која ќе биде одредена номинацијата, но и додаде дека ќе „биде огромен проблем“, ако лидерите на Републиканската партија се обидат да ја спречат неговата претседателска кандидатура.

Републиканската партија сега своите надежи ги полага во т.н. „договорна“ конвенција, односно во ситуација кога никој од кандидатите ги нема потребните 1.237 делегати, па партиската елита во меѓусебни договори одредува кој ќе биде кандидат.
Група на конзервативци договорила состанок за утре на кој ќе се расправа за начините да се спречи Трамп да биде кандидат.

Единствена опција е да се спречи Трамп да ги добие потребниот број делегати, па на конвенцијата во јули некој друг да биде избран. Втората можност е сите да се обединат околу кандидат од некоја трета партија.

Трамп денеска за CNN рече дека на републиканските партиски избори за него гласале огромен број на луѓе.
– Ако ги лишите тие луѓе од нивните гласови, мислам дека ќе имаме проблеми какви не сме виделе порано – рече Трамп говорејќи за хипотетичко сценарио во кое на изборите би освоил 1.000 делегати.

Препорачуваме:

Либанскиот хаос може да предизвика нова мигрантска криза

Сузана Мицева

Камерон вчера ја објавил неговата даночна евиденција

Dimitar Micev

Убиена новинарка на Ал Џазира

Сузана Мицева