• Fri. May 17th, 2024

Убиена новинарка на Ал Џазира

Новинарка на Ал Џезира е убиена денеска при пукање на израелската армија на окупираниот Западен Брег, објави катарски канал, додека војската од друга страна соопшти дека можеби била убиена од Палестинци додека се судриле со нејзините војници.

Палестински официјален претставник изјави дека израелските сили ја убиле Ширин Абу Аклех додека известувала за рацијата во градот Џенин, каде воените напади се интензивираа во последните недели, бидејќи насилството се зголеми, пренесува „Ројтерс“.

Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на новинарката и соопшти дека е ранет уште еден известувач Али Самоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *