Регион

Традиционална фолклорна манифестација „Фолклорен ѓердан“ во Гевгелија

На сцената во Народниот театар – Гевгелија, се одржа „Фолклорен ѓердан“, традиционалната фолклорна манифестација, којашто ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја организира во рамки на седмоноевриската културно-уметничка програма. „Фолклорен ѓердан“ го отвори домаќинот, Ансамбл „Бојмија“, со изведба на неколку кореографии од своите поставки.

Пред многубројната публика, покрај домаќините, настапија и годинашните гостиб- Флоклорното студио „Блажевски“- Скопје, којшто, исто така, го промовираше македонскиот фолклор и КУД „Паја Зариќ“- Нови Карловци од збратимената Општина Инџија, Република Србија со изведба на кореографии од српскиот фолклор.

Гевгеличани уживаа во фолклорната вечер, во пресрет на празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Препорачуваме:

Градоначалникот Костадинов и премиерот Ковачевски во посета на градинката „Виножито“

Ѓ. K.

Видео: Официјално пуштена во употреба мерната станица на воздухот во Гевгелија

Филмот „Кино Љубов“ на режисерот Јани Бојаџи ќе биде прикажан во Гевгелија

Ѓ. K.