• Thu. May 16th, 2024

Филмот „Кино Љубов“ на режисерот Јани Бојаџи ќе биде прикажан во Гевгелија

ByЃ. K.

Oct 24, 2023

Утре (25 октомври 2023 година), Домот на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар – Гевгелија, ќе го прикажува македонскиот филм во режија на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“. Емитувањето на филмот ќе започне од 19:30 часот, со влезница по цена од 100 денари. Картите се пуштени во продажба и можат да се набават во Народниот театар – Гевгелија. Филмот е наменет за публика над 16 години.

„Кино Љубов“ е во продукција на „Синемон медиа фактори“ и „Револушн“. Во главните улоги, настапуваат: Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин. Автор на музиката е најголемиот македонски филмски композиторот Горан Трајковски, дизајнер на звук е исто така реномираниот Игор Василев-Новоградска, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, оператор на камера е Марко Најдановски, а директор на фотографија Иван Зоровски.

„Кино Љубов“ ја раскажува приказната за актерот Коста, кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Згора на сѐ, се случува епидемија на коронавирус. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја дека тоа е моментот да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И зема заем од својот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семејството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања, кои завршуваат со бомба, која под автомобилот на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

By Ѓ. K.