Регион

ТДП во општина Конче ќе го поддржи Благој Илиев

На централниот извршен одбор на Турската Демократска Партија (ТДП), одржан во Скопје, се донесе одлука дека партијата во вториот круг на локалните избори ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

ТДП, која што во првиот круг од локалните избори во општина Конче настапи со свој кандидат за градоначалник и освои 172 гласови, во вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 31.10.2021, ќе ја даде поддршката на кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ, Благој Илиев.

Извор: Соопштение од ТДП

https://www.facebook.com/550642778292224/posts/4614674285222366/

Препорачуваме:

Досега аплицирани околу 1800 дози вакцини против сезонски грип

Сузана Мицева

Комуналец јавува прекин во водоснабдувањето на две улици во градот

Ѓ. K.

Црвен крст со показни вежби за елементарна непогода во Ново Село и Колешино.