• Sat. May 18th, 2024

Костадинов ја презеде градоначалничката функција

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја презеде градоначалничката функција од неговиот досегашен колега Коста Јаневски. На својот Фејсбук профил меѓудругото запиша:

Од денес, пред мене, Костадин Костадинов стои голема одговорност и обврска!Формално ја преземав градоначалничката функција од Д‐р Коста Јаневски кому искрено му благодарам за поддршката и соработката.Свесен сум дека од мене како Градоначалник на Струмица се очекува градот и општината да одат напред. Тоа што е создадено да се одржи и развие, но и да се проектира и создаде многу ново. Јас сум подготвен!

Градоначалникот Костадинов денеска се сретна и со Неговото Преосвештенство, викарниот епископ Јаков Стобиски.

-Денес е првиот ден од мојот градоначалнички мандат. На денот кога се празнува празникот св. Петка, првата средба која ја реализирав беше со владиката Јаков кој ми пренесе големи поздрави и благослов од Митрополитот Наум Струмички. Испраќаме заедничка порака – помирување на нашите граѓани од Општина Струмица, за добро, за сите!, напиша Костадинов на својот Фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *