Регион

Танчо Пројковски е нов началник на Свр Струмица, негов заменик ќе биде Жан Зимбаков

Секторот за внатрешни работи во Струмица доби нов началник. Танчо Пројковски стана прв човек на струмичката полиција на местото на Ѓорги Божинов. За заменик на Пројковски е именуван Жан Зимбаков.

Пројковски ја извршуваше функцијата помошник началник извесен период минатата година, за времето кога технички министер на Мвр беше Оливер Спасовски.

Инаку, претходно Пројковски работел како инспектор во одделот за недозволена трговија со дрога и оружје.

Препорачуваме:

Се демолира хидросистемот Ѓавато

Сузана Мицева

Субвенциите за тутунарите во мај

Одбележана 36-годишнината од смртта на борецот Боро Поцков – Мирко

Dimitar Micev