• Tue. May 14th, 2024

Се демолира хидросистемот Ѓавато

Хидросистемот Ѓавато се демолира. Се крадат шахти, се вади бакар од потопните пумпи и делови од хидросистемот. Само три месеци од престанувањето со работа стана хаос во хидросистемот што се направи за да се спаси Дојранското Езеро. Вработените се уште доаѓаат на работа, пријавувале на надлежните во Министерството за животна средина, во полиција, дека се распаѓа системот, но, досега никој не презел никакви мерки. Ѓавато премолчано е оставен да се уништува.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека месечните сметки за електрична енергија на системот до лани беа околу 60. 000 евра, а со покачувањето на електричната енергија од октомври станале над 300 илјади евра за еден месец. Единствена добивка беше надоместокот од конецесијата за мала хидроцентрала Топлец на брегот на Дојранското Езеро, од која добиваше 2.500 евра месечно.

Последните години хидросистемот работеше само за потребите на малата хирдоцентрала Топлец. Со запирањето на пумпите почната е и постапка за раскинување на концесијата за работата на малата хидроцентрала и според Миинистерството поисплатливо е да платат пенали за раскинување отколку да се плаќа месечната сметка за електрична енергија.

Според  дојранскиот градоначалник Ангов нивото на водата на Дојранското Езеро засега е над дозволената и во моментов нема закана за езерото.

Хидросистемот е изграден во 2001 година и почна да работи како јавно претпријатие. Од 2012 година е трансформиран во хидросистем Ѓавато и е даден на управување на министерството за животна средина иако немаат законско право да управуваат со него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *