Регион

Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш

Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода до граѓаните, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според Договорот, изградбата на водоводот, во вредност од 860 илјади евра, треба да биде завршена во март следната година. Се реализира со поддршка на КФВ банката и средства, а покрај во Радовиш опфаќа и подобрување на водоснабдувањето и во Кавадарци, Гевгелија и Гостивар и е со вкупна вредност од 13,8 милиони евра.

Министерот Сугарески при увидот на активностите на терен укажа дека општина Радовиш е избрана да влезе во проектот поради огромната потреба на граѓаните да бидат снабдени со квалитетна и константна диструбуција на вода.

 

Препорачуваме:

Видео: Разрешениот Манински бара истрага за изградбата на театарот

И со замрзнати цени, зеленчукот е прескап за струмичани

Сузана Мицева

ЖЕНИТЕ ЗА 18 ОТСТО ПОМАЛКУ ПЛАТЕНИ ОД МАЖИТЕ – ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЖЕНА ДОМАЌИНКА ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ

Стојне Митева