Регион

Струмичката болница на против насилство врз медицинарите

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, се одржа протест на лекарите и медицинскиот персонал.
Струмичката болница иако кубори со лекари и на секое одделение има само по два до три специјалисти , сепак се трудат да обезбедат и да пружат здравствена заштита на сите пациенти .Првиот човек на болницата бара од пациентите поголема толерантност и почит кон целиот медицински персонал во болницата.

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката во Драчево, а напади имаше во Тетово и во Кавадарци.

Препорачуваме:

Црвен крст и о. Гевгелија со волонтерска акција во училиштата

Сузана Мицева

Превентивни мерки против пожарите

Сузана Мицева

Пандевци и Беласица ги почнаа подготовките за пролетниот дел од првенствата