Регион

Струмичката Телеканал А1 го редуцира персоналот, неофицијално отказ добиле петнаесетина вработени

Околу петнаесетина вработени во регионалната телевизија Телеканал А1 останаа без работа. Менаџментот на телевизијата одлучил да се редуцира персоналот, особено оние што работеле на авторски емисии, бидејќи ќе ја намалувале сопствената продукција за време на летниот период. Според извори на Канал Вис, отказ добиле новинари, сниматели и друг технички персонал. Главниот и одговорен уредник на телевизијата, Петар Трајков, за Канал Вис изјави дека не се петнаесет вработени, туку помалку, но не прецизираше колкав е бројот на новинари и технички персонал, чии услуги нема да им бидат потребни во текот на летниот период.

Трајков рече дека на сите им завршиле договорите за работа, но можно е наесен повторно да бидат ангажирани.

До 2013, Телеканал А1 зрачеше под името ВТВ во Валандово. Со регионализацијата поранешниот сопственик ја продаде, а регионалната телевизија се пресели во Струмица.

Препорачуваме:

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ продолжува со непотистичко вработување

Сузана Мицева

Општина Струмица избрана во грант програмата за поддршка на граѓанското општество на УНДП

За последните 24 часа 205 новозаболени од Ковид-19 во земјава, нов позитивен и во Струмица

Ване Трајков