• Tue. May 21st, 2024

Струмичани против двојазичност на цела територија на Македонија

Екипа на ТВ Канал ВИС денеска на терен на струмичкиот плоштад.Направивме анкета со едно единствено прашање:дали сте за двојазичност и кој е нивниот став по однос на законот кој ја разбранува јавност.Оние кои се охрабрија да застанат пред нашиот објектив без двоумење одговорија дека се против.Имаше и граѓани кои зад камерата коментираа дека се против.

По изгласувањето на законот Премиерот Зоран Заев на прес конференција со став:Со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.Наречената комуникација на граѓаните е цивилизациската придобивка.

Законот за употреба на јазиците кој беше донесен во Собранието со 64 гласа ,, за,, , предвува низа промени во државата .Па така албанскиот јазик, согласно член 1 став 2 од законот за двојазичност официјално станува службен јазик на целата територија на Република Македонија. Тоа подразбира дека двојазични во иднина, според овој закон, се сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, според член 1 став 3 од законот.

Дополнително став 3 од член 8 предвидува униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници да бидат исто така двојазични.Обврска со новиот закон за двојазичност имаат и граничните премини во државата, кои треба да постават двојазични табли при влез во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *