• Tue. May 21st, 2024

Словенечки компании заинтересеирани за инвестиции во Ново Село, Босилово и Василево

За инвестиции во локалната инфраструктура се заинтересирани неколку словенечки компании. Сублимирани во застапникот Синтрек, Јавно осветлување Љубљана, Хидроинжинеринг, Смартком, Дотком, Петролеј Енергетика од Словенија, сакаат да влезат во Ново Село, Босилово и Василево преку инвестиции во изградба на пречистителни станици, како и јавно осветлување преку системот, смарт сити, или паметен град.

-Синтрек е застапник на поголеми словенечки компании, како што се Јавна расвета- Љубљана, Хидроинжинеринг, Смартконм, Дотком, Петролеј енергетика. На градоначалниците им ја понудивме можноста за решенија за пречистителни станици, за јавно осветлување и тоа за т.н смарт сити решение. Постои начин да обезбедиме средства преку финансирање од словенечката влада, а компанијата Јавно осветлување од Љубљана може сама 100 проценти да го обезбеди финансирањето за смарт осветлување, вели Јанез Сајовиц, претставник на СИНТРЕК.

Градоначалниците, со локалната администрација треба да ги разгледаат понудите, информираат оттаму.  Дополнително треба да се утврди дали и до каде е проектната документација за изградба на канализации и пречлистителни станици и каде и во кој дел може да се пресретнат барањата на општините и понудата која доаѓа од Словенија.

Дополнително, делегација од локалните самоуправи треба да оди на посета во Словенија, каде што од прва рака ќе се запознаат со начинот на кој функционираат овие сегменти. По сите анализи и консултации, Ново Село, Василево и Босилово треба да ги донесат и конечните одлуки.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *