• Wed. May 15th, 2024

За квалитетен развој на земјоделските култури потребно е да се изврши анализа на почвата

ByDimitar Micev

Mar 16, 2018

За правилен раст и развој на земјоделските култури, неопходно е да се изврши агрохемиска анализа на почвата, советува Ристо Велков од регионалниот синдикат на земјоделски производители. Според него, пред да започне сеидбата на било кое растение, земјоделците треба да направат детална анализа на почвата. Ова е потребно со цел да не дојде до загуба и непотребни трошоци уште при самиот расад. Доколку одредено растение се посади на земјиште каде што претходно имало друга култура, може да дојде до несакани последици и уништување на целиот расад.

Освен анализа на почвата, Велков советува уште при самиот расад земјоделците да употребат и одредени мерки за заштита на своите растенија. Доколку навреме се искористат соодветните мерки, ќе се спречи и појавата на болести. За квалитетен развој на земјоделските култури, потребно е да се внимава и на температурните разлики, а неопходно е и одржување на правилен процент на влага на местата каде што се одгледува земјоделската култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *