Регион

Струмичанец фатен со 11 мигранти од Индија и Непал

МВР информира дека рано утринава во 00.50 часот на потегот помеѓу с. Свидовица и с. Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица.
Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Во Струмица облачно и врнежливо со температури до 17 степени

Сузана Мицева

Од 2 до 5 ноември во Струмица меѓународен Симпозиум по археологија на тема: „Накитот од заштита до статус“

Ѓ. K.

Граѓаните бараат решавање на проблемот со сите узурпирани јавни површини

Сузана Мицева