Регион

Струмичанец со комбе сакал да криумчари 13 мигранти, бил фатен кај Куманово

Полициски службеници синоќа во 23.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе кај местото Искрин мост во возило откриле 18 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Тие биле во патничко возило „фиат скудо“ со струмички регистерски таблици, сопственост на З.З. (27) од Струмица.

Мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме:

Стоилков и Андонов во втор круг за градоначалник во Ново Село

Сузана Мицева

Студентите ќе бидат под строг надзор за време на онлајн полагањето

Стојне Митева

Филипче: Децата од Гевгелија со обична вирусна инфекција