• Sun. May 12th, 2024

Нелегалната сеча опасност за шумскиот фонд во Македонија

206 евидентирани кривични дела по основ на кражба на дрва или пустошење шуми, 243 сторители и поднесени 174 кривични пријави е билансот за состојбата со нелегалната сеча во Македонија минатата година. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на конференцијата „ Заштита на шумите, искуство и научени лекции од Италија“, истакна дека мора да се зголемат практичните напори во сузбивањето на натамошното уништување на шумите, притоа градејќи поефикасен и координиран систем за делување, кој меѓу другото, ќе се темели и на сите проверени, соодветно применливи и позитивни искуства.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, рече дека„ заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите во спроведувањето на политиките за одржливо стопанисување со шумите. Според него, Пожарите, нелегалната и нерегистрираната сеча се голема закана за нашите шумски ресурси и тоа доведува до широк спектар на разурнувачки економски, социјални и еколошки проблеми.

Целта на конференцијата беше да се презентира моменталната состојба на шумите и стопанисувањето со нив, како и да се слушнат искуствата на Италија во областа на справување со пожарите и нелегалната сеча.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *