Регион

Струмичанец избегал од затвор, извршил четири кражби, пронајдена му е и марихуана

На 24.01.2024 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(27) од село Ангелци, струмичко. Тој бил барал со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица, а при лишувањето кај него била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор признал дека во декември 2023 и јануари 2024 година на подрачје на Струмица извршил четири кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба”.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Медиумите можат да вршат притисок врз институциите за решавање на случаите со дигитално насилство врз жени и девојки

Сузана Мицева

Зоран Заев од Радовиш порача обединети заедно да ја донесат победата за подобра иднина

Уметниците за помош на Стефан Таушанов