Спорт

Струмичанецот Бајрактаров најбрз на велосипедската трка во Штип

Струмичанецот Тони Бајрактаров беше најбрз на велосипедската трка во Штип, што ја организираше Универзитетот ,,Гоце Делчев,,  под мотото ,,Со велосипед на факултет,, во категоријата рекреативци.  Бајрактаров кој е страствен љубител  на овој спорт, успеа во конкуренција на 50 тина рекреативци од целата држава, да помине прв на целта, по извозените пет круга по улиците на Штип во должина од 13,5 километри.

,, Лесна беше трката. Јас спортот го сметам како натпревар. Се пријавив заради љубовта кон велосипедизмот но и да учествувам во пораката што ја упатија од Универзитетот – до работа, до училиште, на пазар со велосипед,,  изјави за ВИС СПОРТ Тони Бајрактаров кој следната недела ќе земе учество на интернационалната велосипедска трка во Петрич Бугарија каде биле пријавени повеќе струмичани.

Во сениорска конкуренција на трките во Штип победи Стефан Петровски од тимот ,,Вело М,,  второто место му припадна на Никола Левков додека трет беше Дарко симоновски и двајцата од клубот ,,Енерџи,,

12884340_10209027852562961_1982303201_n 12910533_10209027827282329_273593118_n 12919103_10209027825522285_1323760556_n

 

Препорачуваме:

Во Гевгелија утре почнува Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Сузана Мицева

ОК Струмица ја загуби Куп титулата

Ване Трајков

Георгиевски може да го донесе првото олимписко злато на Македонија во таеквандо!

Ване Трајков