Спорт

Георгиевски може да го донесе првото олимписко злато на Македонија во таеквандо!

Македонската олимписка гордост Дејан Георгиевски пак ја собра нацијата пред малите екрани, третпат ова утро. Во полуфиналето на Олимписките игри, Георгиевски го совлада таеквондо борецот од Република Кореја, Ин Кјо Дон со 12-6 и со три победи избори финале и најмалку сребро на Олимписките игри.

Ин поведе, но на почетокот од втората рунда доби казнен удар и Георгиевски доби стимул за напад. Со нога освои четири врзани поени и дојде од предност од 5-1. Корејскиот ас поентираше само со удари со рака, но повисокиот наш олимпиец редеше удари со нога и во третата рунда поведе со недостижни 9-4. Подоцна лесно ги избегна противничките напади и ја зголеми предноста до недостижни 12-6.

Корејскиот таеквонд борец, понизок од Дејан, до оваа борба имаше 82 победи од 100 професионални борби во кариерата. Сепак, олимписката борба му припадна на поспремниот Дејан Георгиевски.

Владислав Ларин од Русија, кој е голем фаворит за златниот медал, е првиот финалист на таеквандо турнирот, во категоријата до 80 килограми и противник на нашиот Георгиевски во финалето. Оваа борба е закажана за попладневните часови (околу 14:00 часот

Препорачуваме:

Девојките од Наковски волеј во сабота во 18 часот против Работнички за статутот есенски Шампионки

Наковски волеј направи сензација-го совлада лидерот Планет и се пласира во полифуналето од Купот

Девојките на Наковски дел од женската одбојкарска репрезентација кадетска категорија

Ѓ. K.