• Sat. May 11th, 2024

Наковски волеј направи сензација-го совлада лидерот Планет и се пласира во полифуналето од Купот

Одбојкарките на Наковски волеј направија вистинско изненадување во реванш дуелот од четвртфиналето од одбојкарскиот Куп на Македонија.  По почетните 3:2 во сетови во Струмица, избраничките на Хари Наковски во Скопје го надиграа Планет со 3:1 во сетови и се пласираа во полуфиналето од Купот со две победи.

Струмичанки одиграа фантастично во сите четири сета и демонстрираа одлична игра за што говори резултатот ( 27:25, 22:25, 21:25 19:25). Иако домакинките го добија првиот сет , струмичанки не се предадоа и тргнаа многу поофанзивно во следните три сета при што ги искористија сите грешки на Планет, за победа која им ги отвори вратите учество во самата завршница од Купот

,, Има ли погорди од нас кои сме предводници нa девојките кои ја пишуваат историјата на овој млад клуб кој втора година се натпреварува во Прва лига и избори пласман во полуфиналето од Купот после победата на лидерот Планет. Допрва ќе ги нижеме успесите и ќе бидеме гордост на нашиот град,, напиша стратегот Хари Наковски по синоќешната победа во Скопје

Инаку Плаент заедно со Универзитет Тетового кој го го совлада Виктори во реваншот се лидери во жанскиот одбојкарски шампионат и преставуваат најсериозни кандидати за освојување на шампионската титула.

Освен Наковски Волеј и Универзитет Тетово во полуфиналето се пласираа и екипите на Јанта и Куманово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *