Спорт

Струмица немоќна против Мираковски и Работнички

Кошаркарите на Струмица во последниот натпревар пред своја публика од кошаркарскиот Шампионат на Македонија претрпеа пораз од Работнички со 63:83. Гостите од Скопје во целиот натпревар беа доминантни и со одличниот шут за три поени во клучните моменти ја држеа контролата на резултатот, наспроти струмичани кои се во неколку наврати се обидуваа да направат резултатски пресврт. Кобна беше последната четвртина кога домаќините уфрлија само 10 а гостите од Скопје 26 поени. Кај Струмица најефикасни беа Андрејевиќ со 17 и соколов со 16 додекакај гостите тој епитет го понесе струмичанецот Мираковски кој уфрли 29 поени. Струмица до крајот на првенството треба да одработи уште еден натпревар и тоа во Кавадарци против Фени

Препорачуваме:

Вечерева Македонија – Норвешка во Гевгелија во претквалификации за Евробаскетот 2025

Ване Трајков

Алкараз призна дека татко му ги „шпионирал“ тренинзите на Ѓоковиќ

Ѓ. K.

Кадетките на ЖФК Тиверија од Струмица-Шампионки

Ване Трајков