Спорт

Вечерева Македонија – Норвешка во Гевгелија во претквалификации за Евробаскетот 2025

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот во салата „26ти Април“ во Гевгелија продолжува со натпреварувањето во претквалификациите за Евробаскетот 2025. За противник во првиот од двата меча кои ќе ги одиграме во овој „прозорец“ ќе ја имаме досега непоразената репрезентација на Норвешка.

А, за исклучително важниот натпревар за исполнување на целта – првото место во групата и пласман во квалификациите за континенталниот собир селекторот Александар Јончевски се одлучи за овие 12. кошаркари.

Од комбинација отпадна еден од најмладите, кошаркарот на Феникс 2010, Амар Хот кој ќе чека друга шанса за настап во националниот тим. Можеби веќе в недела, на средбата со селекцијата на Данска.

По одлауката на Јончевски, под кошевите останаа да се борат Бојан Крстевски, Страхил Николов, Теодор Симиќ и Андреј Маслинко.

Покрај нив, во тимот за вечерашниот меч се уште: Бобан Стајиќ, Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Стојан Ѓуроски и Ти Џеј Шортс.

Препорачуваме:

Одбојкарите на Струмица без пораз, славеа и во Тетово

Ване Трајков

Само 16 секунди траеше борбата најавена како спектакл

Сузана Мицева

Видео – Голманот на Арсенал Дени Илиев и со песна се рехабилитира

Ване Трајков