Спорт

Струмица го преплива Вардар и во Скопје, фали уште една победа за опстанок во Прва лига

Кошаркарите на Струмица повторно го ,,препливаа,, Вардар и тоа во Скопје во вториот меѓусебен дуел од Плеј аут лигата. Избраниците на Петар Настев во 4 коло за опстанок славеа со 55-50 (6-16, 15-13, 19-9, 10-17)  и се на чекор кон останување во најелитното кошаркарско натпреварување. За да биде целосно заокружен прволигашкиот статус, КК Струмица ќе треба во следните два дуели против Охрид дома или против Пелистер во Битола да забележи минимум  една победа. Доколку го ,,препливат,, и Охрид во салата Парк веќе следниот викенд тогаш Струмица и следната година ќе има свој преставник во Првата лига, доколку биде поразен шансата ќе ја бара во последното плеј аут коло во Битола

Инаку во дуелот со Вардар, струмичани блескаа во првата и последната четвртина благодарение на кои славеа со плус 5. Јокиќ со 20 поени и Брчков со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока беа најефикасни кај струмичани , додека пак кај „вардарци“ со 15 поени Адекунле беше единствениот играч со двоен број на реализации.

 

 

Препорачуваме:

Беласица и Академија Пандев поразени, синобелите дома со 4:1, пандевци во гости со 1:0

Ване Трајков

Пандевци го надиграа Скопје сега сами се на лидерската позиција

Ване Трајков

(ВИДЕО) Брера ги почна тренинзите во Анталија – условите одлични, атмосферата добра

Ѓ. K.