Спорт

Струга ТЛ ќе биде домаќин во Струмица на стадионот „Благој Истатов

Македонскиот првак Струга Трим Лум обезбеди пласман во плеј-оф рундата за групна фаза во Конференциската лига, откако во двомечот го елиминира Есперанж со вкупен резултат 4-3.

Стружани на домашен терен победија со 3-1, а синоќа во Луксембург загубија со 2-1. 

Следната рунда е веќе на 24. август, а Струга ТЛ треба да биде домаќин. И покрај најавите за преселба во Елбасан (Албанија), сепак, Струга ТЛ ќе биде домаќин во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“ кој поседува лиценца за европски натпревари од ваков ранг.

Поради реновирање на теренот, арената „Тодор Проески“ во Скопје во овој момент не е достапна за употреба. 

МакФудбал.мк

Препорачуваме:

Наковски волеј лесно и убедливо, како на тренинг славеа против тетовчанки

Иван Николоски се врати во Беласица

Ване Трајков

СОУ „Јане Сандански“ победник на Општинските напревари на МНЦ Струмица во кошарка

Ѓ. K.