• Sat. May 18th, 2024

Локалниот економско-социјален дијалог во Општина Струмица на високо ниво

ByЃ. K.

Aug 18, 2023

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски и Секретарот на ССМ во Струмица, Бранко Георгиев остварија средба со Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

На средбата се разговараше за дојалогот кој го имаат синдикатите на локално ниво во Општина Струмица, потпишаните колективни договори во Општината и јавните комунални претпријатија на локално ниво, за зголемувањето на платите кои со заеднички напори на вработените во општината и во јавните комунални претпријатија на локално ниво во Струмица се зголемија за најмалку 8.000 денари за само една година, а во исто време се исплаќа и регресот за годишен одмор согласно потпишаните колективни договори кој во општината е исплатен во висина од 60% од просечната плата, а во наредниот период ќе биде исплатен и во сите јавни претпријатија во Струмица.

Заедничкиот пристап за унапредување и зајакнување на работничките права на локално ниво во Струмица треба да претставува пример за останатите градоначалници и директори на јавни комунални претпријатија од другите општини.

Сојузот на синдикатите на Македонија во наредниот период ќе ги посети сите работодавачи на локално ниво кои се грижат за работиците и каде што се формирани синдикати.

By Ѓ. K.