Регион

Стојаково и Моноспитово дел од проектот за окрупнување земјоделско земјиште

Стојаково од Општина Богданци и Моноспитово од Општина Босилово се дел од 12 те проектни области за консолидација на земјоделското земјиште. Активностите се дел од проектот МАИНЛАНД што го спроведува Европската унија преку Организацијата за храна на Обединети нации и ресорното министерство.Изборот на проектни области за консолидација на земјоделско земјиште е кулминација на серија подготвителни активности кои се реализираа во текот на изминатите неколку месеци, велат од министерството. На обуката што во септември се одржа во Струмица, министерот Николовско посочи дека окрупнувањето на земјоделското земјиште е услов за развој на аграрорт.

Интензивните напори за подигнување на јавната свест и интересот, резултираа со 40 изјави за интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште, поднесени од различни локални заедници,  во декември 2017 година, се вели во писмената информација.

Во периодот што следува, проектот ќе објави тендер за спроведување на физибилити студии (студии за изводливост) во одбраните области за консолидација на земјоделско земјиште. Главната цел на студиите е да се направи детална проценка на моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот, да сеидентификуваат индивидуалните потреби, да се провери дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области.

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште”  – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година.

Препорачуваме:

До 15 мај пријавување за субвенции за произведено и предадено млеко

Ване Трајков

ВИДЕО: „Здрава Котлина“ бара законот за минерални суровини да не се носи по скратена постапка

Уапсен маж од Радовиш, превезувал бесправно исечени огревни дрва

Ѓ. K.