• Fri. May 24th, 2024

Поголеми ингиренции ќе им се отстапат на општините во речиси сите области за да се постигне вистинска децентрализација, најави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека за таа намена ќе им се отстапат и 100 милиони евра со што ќе се постигне спроведување на законот за рамномерен регионален развој.

Премиерот вели дека овие се неизбежни процеси и дека мора да се завршат, бидејќи на тој начин ќе се зголеми функционалноста на институциите и тие ќе можат да бидат во вистинска служба на граѓаните.

На долг рок напредокот на децентрализацијата треба да ја зголеми транспарентноста но и демократијата во функционирањето ан организте на државата. Според Владата на тој начин ќе се направи и поголема заштеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *