Регион

Стартуваа „Училишните сообраќајни единици“ во Струмица

 

Мобилни училишни сообраќајни единици наредните два месеца ќе им даваат помош на првооделенците при нивното доаѓање на школо. Тимовите составени од ученици, професори по техничко образование и полицски службеници ќе стојат во непосредна близина на основните училишта за да им овозможат поголема сообраќајна безбедност на најмладите.

Екипите беа промовирани на Денот на полицијата, а се дел од проектот „Безбедно од домот до училиштето“ што го спроведува отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Истовремено, Училишните сообраќајни единици“ им делат летоци на возачите за поголема свест и будност кога се движат во близина на училиштата.

-Затоа, Ве повикуваме да не паркирате на тротоарите, да застанувате пред одбележани пешачи премини, да ги почитувате светлосните и другите сообраќајни знаци, правила и прописи на училиштата, се вели во информативниот леток наменет за возачите.

Препорачуваме:

Заврши изградбата на паркот во Градашорци. Жителите добија ново катче за одмор и уживање

Dimitar Micev

Со поддршка од Европската Унија подобрен туристичкиот потенцијал во Дојран

Ване Трајков

Одржана првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик

Ѓ. K.