• Tue. May 14th, 2024

Со поддршка од Европската Унија подобрен туристичкиот потенцијал во Дојран

Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, во рамкитенаПроектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија, денес ги посети општините Дојран и Конче. Во Дојран негов домаќин беше градоначалникот Анго Ангов, со кого заедно ја промовираа новата инвестиција поддржана од ЕУ за изградба на зелена рекреативна зона, детски игралишта, парк за миленици во самиот центар на Стар Дојран како и уредување на летната сцена.

“Дојран е атрактивен како за домашните така и за транзитните туристи, а бројките на посети растат од година во година. Со новата инвестиција преку пот-проект „Дојран – туристички бисер вo Југоисточна Македонија“, која чини околу 650.000 евра, а е финансиран од Европската Унија, се добива нова рекреативна зона во која туристите и мештаните ќе можат да се опуштат и да уживаат во секој период од годината. Овој простор кој со години беше запуштен и даваше неубава слика за Дојран, сега е урбанизиран и реновиран по најнови европски стандарди.  Добивме нови содржини со урбана опрема, нови детски игралишта, игралиште за миленици, летниковци, места за спортување и релаксација, како и ново осветлување кое недостигаше во тој дел. За овој проект добивме многу позитивни реакции, па очекуваме да придонесе привлекување на уште повеќе туристи”, изјави градоначалникот Ангов.

“Со новите и реконструирани содржини во општина Дојран, кои се реализирани со финансиска поддршка од Европската Унија, се придонесува за зајакнување на туристичките потенцијали на оваа интересна и автентична езерска општина, која ја карактеризира богата историја и култура, медитеранска клима и добрата храна. Покрај изградбата на паркот, пот-проектот опфати и реконструкција на пристапна улица и санирање на летната музичка сцена со цел да се создаде дополнителен простор за организирање на разни музички и културни настани, но и да се овозможи подобра туристичка понуда за посетителите на ова симпатично гратче покрај Дојранското езеро”, изјави пред присутните Евроамбасадорот Гир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *