Регион

Српски државјанин се обидел да превезе 20 мигранти.ФАтен кај гевгелиско Давидово

Полицијата синоќа запрела „цитроен“ со српски регистарски ознаки управувано од жител на Врање во којшто биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот бил приведен, а известен бил јавен обвинител.

МВР соопшти дека синоќа на регионалниот пат село Давидово – Гевгелија, полицајци запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Република Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.

Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.

Препорачуваме:

„Циркус Пирандело“ ќе учествува на Меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Србија

Ѓ. K.

Општина Босилово учесник во кампањата со која се одбележува Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

Ѓ. K.

„Струмица опен“ годинава од 3 до 13 август со наслов „Направено со љубов“